Пред посетата на турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу, фоторепортерите кои отидоа до кулата на мостот „Чанаккале 1915“ од азиската страна, направија прекрасни снимки од височина од 318 метри, јавува Anadolu Agency (AA).

Медиумските тимови беа префрлени на локацијата утрово со чамци за да го снимаат мостот.

Околу 80 новинари во две групи се качија со лифтови на кула и од висина од 318 метри го снимија и фотографираа мостот и добија подетални информации за работата на него.

Се очекува турскиот министер за транспорт и инфраструктура Караисмаилоглу да ја посети областа и да се запознае со тековните работи на мостот.

Планирано е министерот со своите придружници да пешачи 4.608 метри до европската страна преку „патеката за мачки“, која е направена за потребите на изградбата на мостот на морската површина, а која ја користат работниците.

Можно е да е слика од мост

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во мај 2020 година за време на говорот по повод завршувањето на првата фаза од изградбата на мостот „Чанаккале 1915“, рече дека изградбата на мостот на Дарданелите е вековен сон на Турците.

Мостот „Чанаккале 1915“ се гради преку теснецот Чанаккале (Дарданели), а станува збор за уште еден голем инфраструктурен проект на Турција.

Овој мост треба да биде најдолгиот од ваков вид во светот. Овој мост, кој е еден од многуте мегапроекти на Турција, ќе ги поврзува Европа и Азија.

Можно е да е слика од надвор

Мостот ќе биде долг 3.860 метри, или повеќе од пет километри, вклучувајќи ги и вијадуктите. Растојанието помеѓу двата носечки столба на мостот ќе биде 2.023 метри, симболично во знак на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Република Турција што се навршува во 2023 година.

Можно е да е слика од надвор

По завршувањето на изградбата, „Чанаккале 1915“ ќе биде мост со најголемо растојание меѓу бетонските носачи.

Anadolu Agency