Левандовски ја доби Златната копачка

by Administrator

Еден од најопасните напаѓачи на денешницата, Роберт Левандовски денес го доби она што го заслужи во минатата сезона, односно ја грабна „Златната копачка“ за најдобар стрелец.

Полскиот ас минатата сезона без конкуренција беше најдобар, постигна дури 41 гол во Бундеслигата, со што го надмина деценискиот рекорд на славниот Герд Милер по бројот на голови во една сезона во Бундеслигата.

Ова е прва ваква награда за напаѓачот на Баерн Минхен, а церемонијата на доделување на наградата се одржа во клупскиот музеј на Баерн на „Алијанц Арена“.

Откако ја доби престижната награда Левандовски ја одушеви јавност, бидејќи истата ја посвети токму на легендата на Баерн, Милер, и на својата сопруга Ана, која рече дека отсекогаш верувала во нејзиниот сопруг, кого го смета за животна инспирација.

Полјакот минатата година ја доби наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот, а пандемијата на коронавирус веројатно го спречи да ја освои и „Златната топка“.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=mzxLdQyfBu4[/embedyt]

 

Golmk

 

You may also like