Универзитетските социјални мрежи апелираа до оние кои во моментов се на Универзитетот, да го напуштат ако е можно, или да се затворат во собите

Во пукање на Универзитет во рускиот град Перм, загинаа 8 лица, а четири се ранети.

Универзитетските социјални мрежи апелираа до оние кои во моментов се на Универзитетот, да го напуштат ако е можно, или да се затворат во собите.

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како луѓето бегаат од прозори од двокатна зграда.

Уште една снимка покажува вооружен човек во црно како полека оди низ Универзитетот, а луѓето панично бегаат.

Стрелецот, наводно, е 18-годишниот Тимур Бекмансуров.