Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, вети дека ќе му помогне на Израел да ги прошири односите со Косово и арапскиот свет, пренесуваат „Reporteri“ , пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Блинкен, промовирајќи ја поддршката на администрацијата на Бајден во нормализирањето на односите меѓу земјите од Блискиот Исток и Израел, го спомена и Косово, кое воспостави дипломатски односи со државата Израел, пренесува MEMO.

„Сакаме да го прошириме кругот на мирна дипломатија, бидејќи е во интерес на земјите од регионот и од целиот свет да се однесуваат кон Израел како и секоја друга земја“, рече Блинкен.

Косово, заедно со Соединетите држави, формираше амбасада во Ерусалим во Израел во март оваа година, додека воспостави дипломатски односи со земјата во почетокот на 2021 година, објави „Kosovo online“.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“