РОТЕРДАМ/ХАГ (АА) – Холандската министерка за одбрана, Анк Бејлевелд, поднесе оставка поради прашањето за евакуација на бегалците од Авганистан по преземањето на државата од страна на талибанците, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претходно оставка од функцијата министерка за надворешни работи даде и Сигрид Кааг, откако Долниот дом на Парламентот ја критикуваше Владата за менаџирањето на евакуациите од Авганистан.

Бејлевелд, која беше критикувана поради доцнењето на евакуацијата на цивилите од Авганистан, ја објави оставката на прес-конференција.

Истакнувајќи дека отсега нема да може добро да ја врши својата работа, министерката рече дека оставката ќе ја достави до Вилем Александер, кралот на Холандија.

По жестоката расправа во средата, холандскиот Парламент усвои предлог за гласање за недоверба на Владата поради нејзиното постапување со евакуациите.

„Домот смета дека Владата постапила неодговорно“, рече Кааг во изјавата откако Парламентот со 78 гласа „за“ и 72 „против“ гласаше за осуда на Владата.

Пред гласањето, Бејлевелд рече дека нема намера да поднесе оставка без оглед на резултатот.

Како член на Христијанско -демократскиот апел, таа ја презеде функцијата министерка за одбрана во 2017 година.


Anadolu Agency