На средбата со премиерот на Пакистан, иранскиот претседател изјавил дека 20-годишната окупација на Авганистан од страна на американските сили донесе само уништување и масакри во таа земја. Ибрахим Раиси се сретнал со Имран Кан во главниот град на Таџикистан, Душанбе, каде престојуваат официјални лица за да учествуваат на самитот на Шангајската организација за соработка – ШОС.
„Повлекувањето на американските сили од Авганистан е историска можност да се формира народна влада во Авганистан и да се воспостави мир во таа земја и регионот“, додал иранскиот претседател. Кан рече дека Иран и Пакистан треба да работат заедно за да му помогнат на Авганистан да формира инклузивна влада. Двајцата функционери, исто така, ги истакнаа блиските односи меѓу Техеран и Исламабад. Исто така, на маргините на самитот на ШОС, Раиси се сретна со претседателот на Узбекистан и рече дека нивото на економска соработка меѓу двете земји треба да ги достигне нивните политички односи.
Шавкат Мирзијојев истакна дека заедничката историја на двете земји може да одигра значајна улога во проширувањето на економските и културните односи. Претседателот на Иран се сретна и со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во главниот град на Таџикистан, каде што разговараа за билатералните односи и прашањата од заеднички интерес. Претходно, иранскиот претседател ја истакна позицијата на неговата влада за развој и подобрување на односите со соседните и регионалните земји, и ова е негово прво патување во странство откако го презеде раководството на земјата.










