Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција, благодарение на преземените мерки и практиката што е спроведена, достигна највисока стапка на раст во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган престојуваше во посета на турскиот град Киршехир и имаше свое обраќање за време на средбата со бизнисмените од тој град. Тој се осврна на предизвиците со кои се има соочено турската економија, но и за успесите.

„Благодарение на мерките што ги презедовме и практиката што ја имплементиравме, Турција достигна највисока стапка на раст во светот“, истакна Ердоган.

Наведе дека Турција, како и другите економии, е погодена од пандемијата на коронавирусот, но дека бројот на вработени во државата пораснал над бројот пред пандемијата.

„Во извозот рушиме рекорд по рекорд. Нашите инвеститори имаат потешкотии во пронаоѓањето машини за зголемување на производството, во набавка на суровини и проширување на своите логистички канали“, рече Ердоган.