Со напуштањето на Авганистан, Америка отворено ја призна пропаста на својата стратегија, чија цел беше да се воспостави сеопфатно воено-политичко присуство, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Обидувајќи се да го спаси својот углед и авторитетот на НАТО во целина, американската администрација одби да го признае поразот и наместо тоа почна да ја користи формулата – „не протераат, заминуваме сами“, изјави Медведев во авторска статија за „Gazeta.ru”.

„Сепак, претседателот Бајден, истакна дека повлекувањето на армијата не значи само крај на кампањата во Авганистан, туку и крај на ерата наn „големи воени операции насочени кон преуредување на други земји“. Неговите зборови, во суштина, значат отворено признание на Вашингтон дека нивната стратегија за воспоставување сеопфатно воено-политичко присуство не успеа“, рече Медведев.


„Dubai-Portal”

„Sputnik”