Првите заеднички вежби на специјалните сили на Азербејџан, Турција и Пакистан ќе започнат утре во Баку, објави азербејџанското Министерство за одбрана.

Главната цел на вежбите наречени „Тројца браќа -2021“ е да се подобри соработката на единиците на земјите -партнери во рамките на борбените операции, подготовка за операции во мир и војна, размена на знаење и искуство.
Вежбите ќе траат до 20 септември.


„Sputnik“