САД го повлекоа својот најсовремен противвоздушен систем, како и противракетниот систем „Патриот“ („Patriot“), од воздухопловната база „Принц Султан“ („Prince Sultan“) Саудиска Арабија во последните недели, пренесе „Associated Press“.
Иако десетици илјади американски сили останаа на Арапскиот Полуостров за да бидат противтежа на Иран, земјите од Заливот се загрижени за американските планови чија армија гледа растечка закана за Азија, за што е потребна силна ракетна одбрана.
Тензиите остануваат високи, бидејќи преговорите во Виена за иранскиот нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили се во застој, што го зголемува ризикот од идни конфронтации во регионот.
Воената база „Принц Султан“, околу 115 километри југоисточно од Ријад, е привремен дом за неколку илјади американски војници од почетокот на нападите врз саудиските нафтени извори.
„Dubai-Portal“
„Sputnik“










