Весникот “Muslim News Nigeria”, кој излегува во Нигерија, ќе му ја додели наградата Личност на годината на муслиманскиот свет за 2020 година на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Уредникот на весникот, Рашид Абубекир, објави дека доделувањето на наградата „Личност на годината на муслиманскиот свет“ за 2020 година ќе се одржи во нигерискиот град Лагос на 18 септември.

Абубекир изјавил дека Ердоган „ги зајакна националните капацитети и економија на Турција“. „Турскиот претседател Ердоган, исто така, промовира хуманитарни цели и е лидер во одбраната на правата на муслиманите на глобално ниво“, истакнал Абубекир. Абубекир откри дека наградата „Личност на годината на муслиманскиот свет во здравство“ ќе му биде доделена на др. Угуру Сахин и неговата сопруга др. Озлем Турци, кои по потекло се од Турција, поради нивната важна улога во производството на вакцината против КОВИД-19. Наградата „Глобално славен муслиман“ ќе ја добие фудбалерот Месут Озил. Наградата „Личност на годината на муслиманскиот свет“, што ја доделува весникот „Muslim News Nigeria“ од 2018 година, трипати му припадна на турскиот претседател Ердоган.