Во синоќешните протести на границата помеѓу Појасот Газа и Израел повредени се петмина Палестинци.
Стотици Палестинци синоќа протестираа на границата поради израелската блокада на Појасот Газа.
Според организаторите тоа е прв од низата ноќни протести, што е предвидено да траат цела недела со цел да се зголеми притисокот врз Израел да ги ублажи економските санкции кон Појасот Газа.
Tv 21








