Во Кападокија, Турција, се одржува Меѓународен фестивал на балони на топол воздух на кој учествуваат пилоти на балони од неколку земји, известува Агенција Анадолија (АА).

Организатор на Фестивалот е компанијата „Паша балунс“, која нуди услуги за летање со балон на топол воздух. За време на Фестивалот посетителите ќе имаат можност на небото над Ѓореме да видат балони со најразлични форми. Фестивалот го привлече вниманието на бројни туристи, а балоните се вивнаа во воздух уште од раните утрински часови, што беше забележано од бројните љубители на фотографијата.

Можно е да е слика од надвор и текст кој вели „AA“

Халис Ајдоган, директорот на „Паша балунс“, за АА изјави дека на Фестивалот учествуваат и пилоти од Шпанија и Португалија. Покрај тоа, на небото за првпат се вивнаа и балони произведени во Турција.

Можно е да е слика од балон и надвор

„Интересот е навистина голем. Очекуваме фестивалот, што ќе трае 3 дена, да мине во одлична атмосфера. Кападокија е подрачје на кое се реализираат најголем број летови со балон во светот. Ние работиме со став дека фестивал не се одржува секој ден, а тоа сакавме и да го официјализираме. Сакавме на организиран начин да ја претставиме убавината на ова подрачје. Во 2022 година очекуваме поголем број учесници од странство“, изјави Ајдоган.

На Фестивалот присуствуваше и Јавуз Демир, кој рече дека Кападокија секогаш е убава, но дека балоните ѝ даваат посебна магија.

„Дојдовме да го видиме изгревањето на Сонцето, но и фестивалот. Кога станавме рано, се запрашавме дали тоа ќе вреди, но навистина беше прекрасно што се решивме на тој чекор. Секој би требало да ги види овие величествени сцени“, рече Демир.

Во текот на тридневниот фестивал се планира да се одржат концерти и светлосни перформанси.

Anadolu Agency