Шеријатска венчавка во Сараево: Послушајте како Турскиот претседател Ердоган учи Кур`an

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше сведок на денешната шеријатска венчавка на Јасмина Изетбеговиќ, ќерка на Бакир и Себија Изетбеговиќ и Шамил Хумашкиќ, што се одржа во џамијата Газа Хусрев-бег во Сараево.

Во таа прилика, Ердоган проучи Ашере, односно дел од Кур`анскиот текст од Сура Ал Имран. Присутните во џамијата Гази Хусрев-бег, кои го слушаа турскиот претседател како учи Куран, се воодушевени од начинот на кој тој го прави тоа.

Јасмина Изетбеговиќ дојде во џамијата во придружба на нејзиниот татко Бакир Изетбеговиќ, претседател на Домот на народите и претседател на Партијата за демократска акција (СДА).

You may also like