Судскиот процес против германски пензионер кај кого полицијата пронашла артилерија од Втората светска војна е завршено. На 84-годишниот маж му била изречена условна затворска казна од 14 месеци и парична казна од 250.000 евра.
Имено, во 2015 година, германските власти пронаѓле тенк „Пантер“ од Втората светска војна, противвоздушно оружје, торпедо, многу нацистички сувенири и други работи во подрумот на пензионерот – на германската армија и биле потребни дури 9 часа за го отстранете тенкот од подрумот. Целта на судењето беше да се утврди дали постои основа за осудување на Германецот за кршење на Законот за контрола на военото оружје во Германија. Неговиот адвокат тврди дека станува збор за музејски предмети, а не за воено оружје.









