Пукотница во англискиот град Плимут, загинале повеќе луѓе

by Administrator

Неколку луѓе загинаа во престрелка во југозападниот англиски град Плимут, објави доцна синоќа „Скај њуз“, без да прецизира точно колку. Локалниот советник Џони Мерсер од Конзервативната партија објави на Твитер дека ова е „сериозен“ и „трагичен“ инцидент и ги повика граѓаните да ги слушаат упатствата на полицијата.

Тој истакна дека ова не е тероризам и дека осомничениот не е во бегство. Амбулантни возила, хеликоптери и лекари се испратени на местото на настанот. Очевидци изјавиле за Плимаут Лајв дека го слушнале пукањето. (Вијести.ба / Хина)

You may also like