Поплави на северот на Турција, најмалку 17 загинати

by Administrator

Најмалку 17 лица загинаа во поплавите во северна Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на социјалните мрежи изјави дека сите надлежни институции и служби се ангажирани во регионите погодени од големите поплави. Тој наведе дека 4.644 лица, 610 возила, 437 тешки машини, 66 амбулантни возила, 19 хеликоптери, три камиони за мобилна координација на активностите, 24 чамци, 18 моторни пумпи и бројни други средства биле ангажирани во трите турски провинции погодени од поплавите.

Поплавите ги погодија провинциите Бартин, Кастамону и Синоп, каде што врнеше силен дожд неколку дена. Многу погодени области останаа без електрична енергија, а руралните патишта беа блокирани. Во провинцијата Бартин, најмалку 13 лица се повредени при уривање на дел од мостот. Надлежните служби се на терен, учествуваат во евакуација, пребарување и чистење на теренот. Во југозападна Турција, пожарникарите се борат со големиот шумски пожар во провинцијата Мугла, долж Егејското Море. Во пожарите што беснеат од 28 јули загинаа најмалку осум луѓе и предизвикаа огромна штета. Експертите тврдат дека климатските промени предизвикуваат се повеќе природни катастрофи. Како што се затоплува планетата, предупредуваат тие, настаните како што се поплави, бури, шумски пожари, топлотни бранови и суши ќе стануваат почести.

(Вијести.ба / Бета)

You may also like