Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди вечерва Филипините.
Земјотресот се случи вечерва,а Геолошката опсерваторија на Соединетите држави, соопшти дека епицентарот бил регистриран во регионот Пондагуиран. Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 80 километри од крајбрежниот град Матија на длабочина од 65,6 километри. Пацифичкиот центар издаде предупредување за можно цунами во тој филипински регион по земјотресот.









