Лионел Меси е новиот играч на ПСЖ. Иако, официјално, тој се уште не го потпишал договорот, Аргентинецот веќе позираше на Паркот на принцовите во дресот на овој клуб. 

Официјалната презентација е закажана за утре во 11 часот, а Меси ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработува околу 40 милиони евра по сезона. Вечерва истрча на култниот стадион во Париз, и позираше со дресот на ПСG, откривајќи дека ќе го носи бројот 30.