Словенија ја понесе престижната титула за најчиста земја на светот.

Земјата чии 60 отсто од територијата се покриени со шума, доби меѓународно признание за екологија и одржливост. Утврдено е дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, а помеѓу околу 80-те задоволени индикатори се грижата за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност.

Словенија е на трето место на листата од 10 земји на ОЕЦД со најмногу рециклиран отпад, а со воведување на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забрана за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, успеа да ја намали емисијата на штетни гасови. Во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.

Љубљана уште во 2016 година ја понесе титулата на најзелен град во Европа. И во 2018 година, Словенија беше прогласена за најчиста земја на светот.