Германската фармацевтска компанија BioNTech, која ја разви првата широко користена вакцина против коронавирус од Pfizer, забележа нагло зголемување на профитот во вториот квартал од оваа година. Компанијата со седиште во Мајнц соопшти денеска дека остварила нето добивка од речиси 2,8 милијарди евра од април до јуни. Таа бројка го зголеми профитот за првата половина од годината за 3,9 милијарди евра, во споредба со нето загубата од речиси 142 милиони евра во првите шест месеци од 2020 година. Неочекуваниот профит од вакцината против коронавирус базиран на концептот mRNA ќе и помогне на компанијата да развие лекови против рак и други болести, пренесува АП.
(Вијести.ба / ФЕНА)








