Кувајтските власти соопштија дека испраќаат противпожарна бригада за да помогнат во гаснењето на шумските пожари, кои веќе неколку дена беснеат во неколку региони во Турција. Шефот на пожарникарите во Кувајт, Калад Ал-Макрад, на социјалните мрежи изјави дека тимот што треба да помогне во гаснењето на пожарите во Турција се состои од 45 пожарникари. Тој, исто така, рече дека сличен тим пожарникари ќе биде испратен во Грција, која исто така се бори со големите шумски пожари, јави АА. Турскиот министер за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли вчера изјави дека минатата недела избувнале 223 шумски пожари во земјата, и дека само шест од тие пожари се сеуште активни. Најмалку осум лица загинаа во пожарите што ги зафатија јужните делови на Турција.
36
