Со заоѓањето на сонцето, односно огласувањето на муезинот од минарето повикувајќи ги повикува муслиманските верници на молитвата Акшам, денес, 8 август, започнува Новата Хиџретска 1443 година.
Муслиманскиот календар е лунарен, а годината на овој календар е пократка за 10 дена од годината на сончевиот календар. Овој начин на пресметување на времето беше усвоен за време на калифатот на Омер, нека е Аллах задоволен од него, а за почеток на сметање земена е Хиџрата – преселбата на Мухамед а.с, од Мека до Медина нека е мирот и спасот на Бога нека е врз него. Хиџра се случи во 622 година по Иса а.с., нека е спасението и мирот Божји врз него. Муслиманите ширум светот се сеќаваат на Хиџра што се случи во 622 година од нашата по Иса а.с. Тогаш Божјиот пратеник Мухамед беше принуден заради верата со своите придружници, пријатели, да ја напушти родниата Мека и да замине таму каде што нема да биде во опасност. Тој нашол засолниште во градот Медина каде останал да живее до неговата смрт.
Според суфиите, хиџра е патување од нешто кон нешто, од постоење до смрт, од смрт до вечен живот. Тоа не е напуштање или бегство, Хиџрата е вознесение и завршување – тоа е Аллахова одредба и еден неизбежен пат што мора да помине се што е создадено.
Мухамед а.с. рекол: “Мухаџири (оној што прави Хиџра) е секој што го напушта сето она што Аллах џ.ш го забранил.”
По тој повод, во многу џамии низ Балканот се организираат разно разни свечености, и цитираат делови од Кур`анот.
Нека ни е за многу години, новата 1443 Хиџретска година, нека истата Ви биде исполнета со мир, благосостојба, здравје, хармонијасе најдобро ви посакува редакцијата на Дубаи Портал










