Во турската провинција Анталија, која веќе неколку дена е зафатена од пожари, утрово, на радост на многумина, врнеше дожд. Во некои делови на градот врне дожд од утринските часови, а многу жители се фатени неподготвени на пат кон работа. Дождот воодушеви многу граѓани во областите погодени од пожарите, пишува АА.

Еден од нив вели дека биле исклучително тажни поради пожарот, но дека се радувале кога го виделе дождот. Метеоролозите најавија променливо облачно време, а можни се и повремени локални врнежи од дожд. Дожд се очекува попладне во областите Манавгат и Гундогмус, а навечер во Аланија. Утре повторно се очекуваат температури на воздухот над 38 Целзиусови степени.