Германија ќе започне да ја нуди третата доза вакцина против коронавирус во септември и ќе им ја олесни постапката на лица на возраст од 12 до 17 години да ја примат вакцината, објави денеска Министерството за здравство. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и неговите колеги од 16 провинции денеска се согласија дека постарите и ранливите групи треба да добијат трета доза од вакцината поради загриженост за намален имунолошки одговор во одредени возрасни групи. „Мобилните тимови за вакцинација треба да бидат испратени во домовите за стари лица за да им понудат на штитениците дози на Pfizer или Moderna, без оглед на тоа која вакцина ја примиле порано“, се вели во препораката. Лекарите исто така ќе можат да дадат трета доза на луѓе со послаб имунитет. Дополнителна доза ќе му биде понудена на секој што примил две вакцини Астра Зенека или една доза на Џонсон и Џонсон

Министрите се согласија дека вакцината ќе биде подостапна за луѓето на возраст над 12 години, чекор подалеку од препораката на Советодавниот тим за вакцини. Моменталната препорака на овој тим е дека вакцините против коронавирус треба да се даваат на лица на возраст од 12 до 17 години, доколку имаат здравствени проблеми.

(Vijesti.ba / SRNA)