И покрај забраната, во Берлин се одржаа протести против мерките воведени од германските власти со цел да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус, јавува Anadolu Agency (AA).

Повремено имало судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, а полицијата употребила солзавец и  сила. Многу демонстранти, кои се противеле на безбедносните сили, биле привремено задржани заради идентификација. Полицијата ги блокирала влезовите на плоштадот на столбот на победата, а демонстрантите не смеат да се движат кон Сојузното собрание и Бранденбуршката порта. Ангажирани биле 2.250 полицајци за да обезбедат почитување на мерките за носење маска и социјална дистанца и спречување на демонстрантите да доаѓаат во споменатите области.