“Едно лице беше уапсено во рамките на истрагата за пожарот во Милас. Се сомневаме дека тој е одговорен за подметнување на шумскиот пожар”, изјавил Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Турските власти не ја отфрлија можноста членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК) да бидат одговорни за подметнување пожар. Шумски пожар избувна на 28 јули недалеку од одморалиштето Манавкат во провинцијата Анталија поради многу високите температури во регионот. Потоа избувнаа пожари во неколку провинции, вклучувајќи ги Ајдин и Мугла. Агенцијата за вонредни ситуации соопшти дека во пожарот загинале шест лица. 88 од 98 пожари се изгаснати.
(Вијести.ба / Срна)









