Масовните пожари што започнаа пред два дена во различни градови во Турција се уште траат. Во акциите за гаснење на пожар учествуваат авиони, беспилотни летала, хеликоптери, тенкови, пожарникари и противпожарни возила. Покрај тоа, граѓаните на Турција даваат се од себе, и помагаат колку што можат, за да ги запрат пожарите. Во овие акции за гаснење пожар, Русија најмногу и помогна на Турција, испраќајќи три авиони „Бе-200“ за гаснење на пожарот. Покрај Русија, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека денеска ќе испрати авион за гаснење на пожарот. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, исто така, најави дека денес ќе испрати екипи во Турција за да помогнат во гаснењето на пожарот.