Заменик државниот правобранител на општината Славко Прањиќ (Slavko Pranjić), спроведе истрага на местото на несреќата, пишува „Dnevnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
„Според досега утврдените факти, станува збор за автобус кој излета од патот. Автобусот сообраќаше од Франкфурт до Приштина. Возачот на автобусот бил пронајден на местото на настанот, во меѓувреме бил уапсен, се преземаат други доказни активности за поведување кривична постапка. Возачот е уапсен под сомнение дека управувал моторно возило на начин што се движел неправилно, тој не ја користел сообраќајната лента, туку слетал. Кои се причините за тоа, засега не можеме да кажемеl“, вели Прањиќ.
„Тој изјави дека заспал за момент, но тоа ќе го утврдиме подоцнаl“, додаде Прањиќ.
„Dnevnik“
„Dubai-Portal“










