Хрватска: Автобус со косовски таблици се преврте, десет загинати

by Administrator

Страшна сообраќајна незгода се случила утрово во близина на Славонски Брод, Хрватска. Автобус со косовски регистарски таблички на автопатот А3, излета од патот, а загинаа десет лица, додека 30 се пренесени во болница, јавуваат хрватските медиуми.

Полицијата дојавата ја добила околу 6:20 часот. Несреќата се случила во близина на наплатната рампа.

Полицијата врши увид, додека патниот правец бил затворен, а возилата се насочуваат по алтернативни правци.

Најпрво имаше информација дека превртениот автобус е со македонски регистарски ознаки, по што подоцна беше корегирана информацијата, по изјава од страна на началникот на полицијата во Славонски Брод.

Tv 21

You may also like