Познатиот турски готвач Бурак Оздемир го прослави Курбан Бајрам на специфичен и посебен начин. Познат по тоа што им помагаше и споделуваше многу на оние кои имаа потреба, и овој пат тој го разубави Бајрам на свој начин и ги насмеа лицата на многумина. Младиот претприемач и готвач купил играчки за децата, но складирал и 1,5 тони месо и им го дистрибуирал на жителите на една турска населба. Иако е многу популарен и неговите ресторани ги посетуваат светски познати луѓе, тој не ги заборави и оние кои немаат и кои не се во можност да си дозволат многу.