Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, изјави дека прифатен е предлогот на турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, да им се дозволи на граѓаните на Србија и на Турција да влегуваат во овие две земји само со лична карта. Овој предлог беше поддржан и од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. – Сега ќе работиме со надлежните институции, пред се со Министерството за надворешни работи, но и со Министерството за внатрешни работи, на реализација на оваа идеја, истакна Матиќ.

Матиќ изјави дека туристите од Турција ги чувствуваат големите градови во Србија. Турскиот министер Ерсој рече дека воздушниот сообраќај меѓу двете земји ќе биде поинтензивен кога ќе може да се патува само со лична карта, пренесува БХРТ.