Сирискиот претседател Башар ал Асад, положи заклетва

by Administrator

Сирискиот претседател Башар ал Асад положи заклетва за почеток на четвртиот седумгодишен мандат на таа функција.

Тој победи на претседателските избори во мај, но Западот и неговите противници ги прогласија за незаконски.

Церемонијата на положување заклетва се одржа во претседателската палата во Дамаск, со присуство на свештенството, членовите на парламентот, политичари и високи претставници од сириската војска, објави АП.

Асад е на власт од 2000 година и неговата убедлива победа во Сирија никогаш не е доведена во прашање. Претседателот новиот мандат во континуитет го започнува во време кога земјата и натаму е разурната од десетогодишната војна и томе во уште подлабока економска криза.


Sloboden pecat

You may also like