По израелското лобирање за интензивирање на рациите врз џамијата Ал-Акса (Al-Aqsa), палестинското движење на отпорот, Хамас (Hamas), го предупреди Израел да не го тестира трпението на палестинскиот отпор, затоа што е подготвен да ги брани палестинските свети места, земјиште и имот, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Во изјавата испратена до медиумите, Хамас ги повика палестинскиот народ и палестинскиот отпор во појасот Газа (Gaza Strip): „Да ги држат прстите на чкрапалото за да окупаторот разбере дека Газа е штит за џамијата Ал-Акса и меч кренат, за бранење Ерусалим (Jerusalem)“.
„Континуираната мобилизација против палестинските свети места, земјиште и имот, како и малтретирање на палестинскиот народ е нешто што не останува неказнето“, изјавија од Хамас.
Во меѓувреме, Хамас го повика палестинскиот народ во дијаспората да продолжи со организирање настани и активности за поддршка на Ерусалим и џамијата Ал-Акса.
Израелските доселенички групи, поддржани од окупаторските сили, повикаа на упад во џамијата Ал-Акса на Денот на Арафат (the Day of Arafat), како и поставување ограничувања на муслиманските верници во светите денови.
Денот на Арафат е исламски празник што паѓа на 9-тиот ден од исламскиот месец Хаџ. Тоа е најсветиот ден во исламскиот календар, вториот ден од аџилакот и првиот ден од големиот исламски празник Курбан Бајрам (Eid Al-Adha).
„Ги повикуваме луѓето да патуваат во џамијата Ал-Акса на Денот на Арафат за да ги одбијат упадите на доселениците во блажената џамија Ал-Акса“, објави на „Twitter“ „Ал-Кастал“ („Al-Qastal“), мрежен центар за Палестинците во окупираниот Ерусалим.
„MEMO“
„Dubai-Portal“









