Европската фудбалска федерација ги одреди градовите каде од 2023 до 2025 година ќе се играат финалните натпревари во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
Финалето во новата сезона од Лигата на шампионите, во 2022 година ќе се одигра во рускиот Санкт Петербург.

Потоа во 2023 година, Истанбул и „Ататурк Олимпискиот стадион“ конечно ќе бидат домаќин на финалето во елитното натпреварување. Турскиот град требаше да биде домаќин во 2020 година но поради пандемијата на коронавирусот, завршница во ЛШ се одигра во Лисабон. Истанбул и оваа година исто така требаше да биде домаќин, но повторно пандемијата му ја „одзеде“ организацијата.

Во 2024 година финалето на ЛШ ќе се игра на „Вембли“ во Лондон,  а наредната година домаќин ќе биде Минхен.

Организатор на следното финале во Лигата на Европа ќе биде шпанскиот град Севиља, а од 2023 до 2025 година, финалињата ќе се играат во Будимпешта, Даблин и Билбао.

Sloboden pecat