Англиски фудбалер поради расизам не сака повеќе да игра за репрезентацијата

by Administrator

Поради расизам врз англиските соиграчи од репрезентацијата, играчот од средниот ред Калум Хадсон-Одои, размислува дресот на Англија, да го замени со оној од Гана.

Хадсон-Одои има право да игра за родната земја на својот татко, познатиот фудбалер Бисмарк Одои.

Играчот на Челзи неодамна бил во Гана, каде што разговарал со челниците на фудбалската федерација за да заигра за оваа репрезентација.

Но, за такво нешто ќе мора Хадсон да се стрпи до крајот на идната година, затоа што правилата на ФИФА дозволуваат промена на репрезентација на три години од последниот настап за една селекција. Одои во 2019 година во декември играл против Косово за селекцијата на Англија

Tv 21

You may also like