Најмалку 80 лица загинаа во поплавите што беснеат во Германија, пренесува Билд, а околу 1.300 лица исчезнаа по силниот дожд, додека полицијата, војниците и другите хуманитарни работници прават огромни напори за спасување. Уште шестмина се мртви во Белгија, а тешко се погодени и Холандија и Луксембург. Драматична состојба и во Франција и Швајцарија.

Екстремните временски услови доведоа до големи поплави во Западна Германија оваа недела. Поплавите се случија кога надојдените реки ги пробија своите корита.

Се проценува дека околу 1.300 лица се водат за исчезнати, додека повеќе од 1.000 полицајци, пожарникари, војници и други спасувачки служби трагаат по областа Рајна-Фалц и Северна Рајна-Вестфалија – двете најтешко погодени земји – како и соседниот Баден-Виртемберг.

Училиштата затворени, а патиштата на запад од земјата блокирани

За време на напорите за спасување биле распоредени десет хеликоптери, а уште три биле опремени да продолжат со потрагата, пренесува РТ.

Властите сè уште работат на враќање на гасот, електричната енергија и водата во погодените области, додека Германската федерална агенција за техничка помош се подготвува на некои привремени места за прочистување на водата. 

Девет мртви во Белгија, евакуации во Лиеж

Според новинската агенција Белга, во земјата биле убиени девет лица. Франкофонскиот регион Валонија, на југ и исток од Белгија, како и делови од Фландрија, беа најпогодени.

Во Лиеж, кој лежи на реката Мези, се очекува натамошен пораст на нивото на водата, градските власти ги повикуваат сите што се таму заради работа или други причини да го напуштат градот, а жителите да се качат на горниот кат.

Според белгиските медиуми, толку висок водостој на реката Мезе не е забележан од 1926 година. Ситуацијата е критична низ цела Валонија, особено во градовите што лежат на реката Мезе и нејзините притоки. Франција испрати 40 спасувачи и хеликоптер во Белгија. Помош понудија Италија и Австрија.

Евакуација во Холандија

Властите во градот Валкенбург на југот на Холандија, во близина на границата со Германија и Белгија, наредија евакуација на дом за стари лица синоќа откако поплавата ја претвори главната улица во река, објавија холандските медиуми. Владата синоќа испрати околу 70 војници во јужната провинција Лимбург за да помогнат при евакуација и полнење вреќи со песок, пренесува Јутранњи лист.

Ризик од поплава во североисточна Франција

Обилен дожд паѓа и на северо-истокот на Франција, а во делови од земјата е прогласена тревога за поплава. Метео Франс објави дека до денес може да падне до 90 мм / м2 дожд на североистокот на земјата, што е количина што инаку би паднала за три до четири недели. Земјата е веќе заситена со вода, а можни се и одрони.

Швајцарските езера се закануваат дека ќе се излеат

Во Швајцарија, обилните дождови ја заситија почвата и предизвикаа одрони и активирање на одрони.

Властите во Женева препорачуваат граѓаните да избегнуваат области покрај реките, а исто така се загрижени за зголемувањето на водостојот на Женевското езеро. Ризикот од поплавување беше голем на брегот на реката Лимат, а властите исто така ги повикаа луѓето да не одат во шумите поради силното невреме и налетот на ветрот над 100 км на час. Метеоролошката служба предупредува дека постои голем ризик од поплавување на езерата и реката Реус. Неколку планински премини и тунели се затворени, а железничкиот сообраќај е нарушен во повеќе делови на земјата, објавија швајцарските железници.

Извор: РТА