Европската унија (EU), во вторникот објави дека Израел (Israel) расели 595 Палестинци, од кои 320 деца, од почетокот на 2021 година, што претставува зголемување за 50 проценти во споредба со минатата година, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Мисијата на ЕУ, во Ерусалим (Jerusalem) ги објави забелешките на својот официјален профил на Twitter, со објаснување дека при последното уривање на 7 јули во Хумса (Humsa), во северната долина на Јордан (Jordan), дури 42 лица, од кои 24 деца, биле раселени и остануваат во очајна потреба на хуманитарна помош.
Според изјавата, во изминатите два дена, три палестински семејства во источен Ерусалим, вклучувајќи го и Силван (Silwan), биле принудени да ги срушат своите домови.
ЕУ го повика Израел да ги запре сите уривања на окупираните палестински територии, додавајќи дека ваквите активности се сурови и незаконски според меѓународното право и мора да престанат.
Извештајот издаден од Канцеларијата за координација на хуманитарни работи на ОН (OCHA), на 8 јули откри дека Израел урнал најмалку 421 палестинска структура од почетокот на годинава.
Според извештајот, дури 130 уништени структури биле финансирани од донатори.
Израел ги оправдува уривањата поради недостиг на градежни дозволи. Сепак, според Палестинците, меѓународните организации и Обединетите Нации (United Nations), Израел ретко ги одобрува барањата за одобренија за градење во источен Ерусалим и во областа Ц (Area C), што претставува 60 проценти од окупираиот Западен Брег (occupied West Bank).
„MEMO“
„Dubai-Portal“









