Само што заврши Евро 2020 на кое завршницата се играше во Лондон, англиската влада планира да се кандидира за организација на Светско првенство.

Наредниот Мундијал ќе се игра играта година во Катар, потоа во 2026 година организатори ќе бидат САД, Канада и Мексико, додека ФИФА планира постапката за доставување на  организација за Мундијалот во 2030 година да ја отвори идната година, а англиската влада уште сега ја поддржа потенцијалната заедничка кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Ирска.

„Желбата ни е фудбалот да го вратиме дома во 2030 година. Сметам дека тоа е вистинското време“, изјави премиерот Борис Џонсон уште во март годинава.

Иако голем број на Англичани ќе се согласат со ова, по случувањата на финалето на Евро 2020 кое се играше на „Вембли“ многу работи се променија.
На виделина излегоа повеќе проблеми во англиското општество, но најголеми се хулиганите и расизмот.

Англиските репрезентативци, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Џејдон Санчо беа мета на расистички навреди и напади поради промашените пенали во финалето против Италија. Тоа натера дел од поранешните фудбалери да се запрашаат дали е добро Англија да организира големо натпреварување се додека не го искорени расизмот.

„На Англија треба да и се забрани организација на било какво големо меѓународно натпреварување се додека не го реши проблемот со расизмот и насилните дивјаци – изјави Антон Фердинанд, поранешен фудбалер на Вест Хем и КПР, но и помлад брат на легендата на Манчестер јунајтед“, Рио Фердинанд.

УЕФА денеска покрена истрага поради случувањата пред, за и по финалето на ЕП помеѓу Англија и Италија поради големи пропусти во организацијата.

„Мора да има последици. Така луѓето учат, но проблемот е што треба да сакаат да учат. Морате да бидете отворени. Многумина кои зборуваат и пишуваат лоши работи никогаш нема да знаат како е да бидете навредувани на расна основа. Но, тоа што можат да го направат е да се обидат да го разберат тоа“, додава Антон Фердинанд.


„Sloboden pecat“