Силни летни бури ги погодија Швајцарија и Германија денес и предизвикаа материјална штета и поплави, а во градот Магадино на југот на Швајцарија дошло до делумно уривање на хангар. Швајцарската полиција соопшти дека биле оштетени неколку авиони, но никој не бил повреден кога се срушил покрив на хангар поради силниот дожд и ветерот во текот на ноќта, пренесува АП.

Скршените дрвја паѓале над патиштата и пругата во Цирих, предизвикувајќи хаос во сообраќајот, а локалните власти на некои места предупредиле дека некои реки може да се излеат. Во соседна Германија, официјалните лица предупредија на „екстремно невреме“ во вторникот во регионот Ајфел, југоисточно од Келн. Големо невреме го погоди и југот на Холандија, каде поплавата го затвори автопатот кај Мастрихт, пренесува Танјуг.