Исламофобските дејства во Франција се зголемија за 52 проценти минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во 30-тиот извештај за расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, објавен од страна на Националната советодавна комисија за човекови права (CNCDH), се наведува дека 59 проценти од анкетираните преку интернет во март „го гледаат исламот како закана за францускиот идентитет“.
Во извештајот се посочува дека 72 проценти од оние кои учествувале во истражувањето сметаат дека имигрантите дошле во Франција само за да имаат корист од социјалната заштита.
Исто така, се наведува дека расистичките дејства се намалени за 22 проценти и дека се регистрирани 888 расистички инциденти во 2020 година.
Антисемитските дејства се намалени за 51 процент во 2020 година во споредба со 2019 година, додека антиисламските дејства се зголемени за 52 проценти.
– Зголемени антирасистички дејства против Азијците
Во извештајот, во кој се наведува дека има значително зголемување на расистичките дејства против Азијците во периодот на епидемијата на Ковид-19, се додава: „Кризата од Ковид-19 доведе до појава на антистрански рефлекси, особено на постојниот антиазиски расизам.“
Исто така, во извештајот се посочува дека бројот на инциденти објавени од француското Министерство за внатрешни работи претставува многу мал дел од расистичките напади во Франција, и дека тоа се должи на фактот што многу расистички напади не беа пријавени.
Anadolu Agency









