Најмалку 49 лица загинаа во пожар кој вчера изби во фабрика за храна и пијалаци во Дака, главниот град на Бангладеш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Русел Шикдер, службеник на противпожарната бригада, изјави дека многу луѓе се повредени во пожарот кој синоќа изби во фабриката за храна и пијалаци „Хашем“ во квартот Рупгањ кој се наоѓа на периферијата на главниот град.
Во пожарот животот го загубија најмалку 49 лица кои биле заробени во петкатната зграда, а тимовите за потрага и спасување досега успеаја да дојдат до телата на 17 лица.
Сѐ уште не е утврдена причината за пожарот, ниту колку луѓе останале во објектот и колкумина се водат за исчезнати.
Anadolu Agency









