Италијанскиот фудбалер Марио Балотели ја продолжува кариерата во Турција, а потпиша договор со прволигашот Адана Демирспор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од клубот е наведено дека со 30-годишниот напаѓач е потпишан договор на три години.
„Остваривме трансфер кој нашиот клуб Адана Демирспор со златни букви ќе го запише во историјата. Светската ѕвезда Марио Балотели потпиша тригодишен договор. Супер Марио од денеска головите ќе ги постигнува во наш дрес“, пишува во соопштението објавено на „Твитер.
Зад Балотели е многу завидна кариера. Меѓу останатите, играше за Интер Милан, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша. Во дресот на репрезентацијата на Италија одигра 36 натпревари и постигнаа 14 гола.
„Anadolu Agency“








