Израелските власти, денеска по 190 пат го демолираа арапското бедуинско село Ал-Аракиб (Al-Araqeeb), во јужниот регион Негев (Negev), пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

الاحتلال يهدم قرية "العراقيب" للمرة الـ 190 على التوالي | فلسطين أون لاين

„Израелските власти го демолираа селото Ал-Аракиб по 190-ти пат“, изјави за „Anadolu“ Азиз Ал-Тури (Aziz Al-Touri), член на Комитетот за одбрана Ал-Аракиб. Ова е осми пат како селото се срамнува со земја оваа година.

الاحتلال يهدم قرية “العراقيب” الفلسطينية للمرة الـ 190 | القدس العربي

Домовите во Ал-Аракиб, каде живеат 22 палестински семејства, се изградени од дрво, пластика и брановидно железо.

الاحتلال يشرع بهدم منشآت في خربة حمصة الفوقا بالأغوار | PNN

Ал-Тури потврди дека селаните имаат намера да ги обноват уништените домови и згради.

„Зохрот“ („Zochrot“), невладина организација со седиште во Тел Авив (Tel Aviv), во неодамнешниот извештај рече дека селото Ал-Аракиб било изградено за прв пат за време на османлискиот период, а жителите го купиле неговото земјиште.

جريدة القدس العربي | Alquds Alarabi Newspaper

Селото прво беше срамнето со земја во јули 2010 година и секој пат кога жителите на Ал-Аракиб же ги обновеја своите шатори и мали домови, окупаторските сили се враќаа да ги срамнат со земја, некогаш и неколку пати месечно.

للمرة الـ 190 على التوالي.. الاحتلال الإسرائيلي يهدم قرية "العراقيب" | رؤيا  الإخباري

Сместено во пустината Негев (Накаб), селото е едно од 51 „непризнато“ арапско село во областа и постојано е насочено кон плановите за јудаизација на Негев, со изградба на нелегални домови за нови еврејски заедници. Израелски булдожери демолираат сè, од дрвја до резервоари за вода.

قوات الاحتلال تتوغل جنوبي قطاع غزة وتشرع بأعمال تجريف

Бедуините во Негев мора да ги почитуваат истите закони како и еврејските граѓани на Израел. Плаќаат даноци, но не ги уживаат истите права и услуги како Евреите во Израел и државата постојано одбива да ги поврзе градовите со националната мрежа, водоснабдувањето и другите витални придобивки.

Израелските власти бараат да ја преземат контролата врз земјата и да ги протераат нејзините жители, со десетици села и бедуински заедници, кои се соочуваат со иста закана во областа Негев, според „Зохрот“ („Zochrot“).


„MEMO“
„Dubai-Portal“