Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Зијадин Села преку социјалните мрежи алармира за нови дивoградби на брегот на Охридското Езеро, за што го обвинува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и ја повикува Владата и обвинителството да преземе мерки за спречување на новите дивоградби.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села

„Исклучително алармантно бетонирање на брегот на Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО. Граѓаните известуваат за пет викендички кои најверојатно ќе ги градат градоначалникот и неговите роднини во кампот Ливадиште, на земјиште во сопственост на Eлектрани на Северна Македонија (ЕСМ). Заменик директорот на ЕСМ е од редовите на ДУИ. Овој нов урбан и еколошки криминал доаѓа само неколку недели откако нивната партија го објави своето ребрендирање како зелена партија“, алармира Зијадин Села – лидер на Алијансата за Албанците, пренесува „Слободен печат“.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села

Села, ја повикува владата веднаш да преземе мерки да се престане со оваа дивоградба, додека инспекторатот и обвинителството да преземат соодветни мерки против нарачателите.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села
Фото: Фејсбук/Зијадин Села
Фото: Фејсбук/Зијадин Села

„Sloboden pecat“