Демонстрантите кои протестираа во главниот град на Грузија, Тбилиси во понеделникот, 5 јули, против ЛГБТ парадата на „гордоста“, исто така нападнаа и повредија новинари пишува „Associated press“, преесува „Dubai-Portal“.
Организаторите ја откажаа парадата на „гордоста“, која требаше да се одржи во понеделникот вечерта, во Тбилиси, бидејќи, како што наведоа, властите не можеле да гарантираат за безбедноста на учесниците.

Противниците на парадата на „гордоста“ го блокираа главниот булевар во Тбилиси, осудувајќи ги новинарите кои го следеа протестот како „ЛГБТ пропагандисти“ и фрлајќи им шишиња кон нив.

Едно лице е уапсено под сомнение за нанесување телесни повреди на дописник на странски медиум.

ЛГБТ групата која се обиде да ја организира парадата на „гордоста“, објави дека противниците на парадата се поддржани од Владата и Грузиската православна црква.

„Radio Slobodna Evropa“
„Dubai-Portal“










