Главниот град на Казахстан, Нур Султан (Астана), што е изграден од нула, го слави својот 23-ти роденден, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Казахстан, 6 јули е познат како Ден на главниот град.

PATA Travel Mart opens in Nur-Sultan, Kazakhstan

Казахстан кој својата независност ја прогласи на 16 декември 1991 година, донесе одлука главниот град на земјата да го премести од Алмати, што се наоѓа на југот на земјата, во градот Акмола на север во 1997 година.

Одлуката беше потпишана од тогашниот претседател на земјата, Нурсултан Назарбаев, и покрај силните критики од членовите на Владата, парламентарците и интелектуалците.

Pedestrian bridges of Nur-Sultan: Seruen, Karaotkel and Atyrau

Во однос на одлуката за преместување на главниот град од југ кон север, Назарбаев рече:

„Во тоа време имаше многу малку луѓе што ја поддржуваа оваа одлука, јас го разбирам ова. Бидејќи Советскиот Сојуз се распадна, ние тргнавме по свој пат. Во земјата дури и немаше пари за исплата на пензијата.“

Со тоа, Акмола, мал град со сурови зими и неразвиена социоекономија и инфраструктура, започна да се обновува како главен град на Казахстан.

Pin on Kazakhstan

Во 1998 година, името на градот е сменето во Астана.

Светски познати архитекти, како што се Норман Фостер и Кишо Курокава, учествуваа во изградбата на градот.

Од друга страна, важните симболични и државни згради и социјални објекти во главниот град ги градеа турските градежни компании.

Tokayev suggested renaming Astana in honor of the First President of  Kazakhstan Nursultan Nazarbayev

На почетокот населението на градот изнесуваше 300.000, а со текот на времето популацијата на градот се големи на 1,2 милиони.

Главниот град на Казахстан, што започна да се гради од темел пред 23 години, денес стана не само политички, економски и туристички центар на земјата, туку и негов национален бренд.

По оставката на Назарбаев од претседателската функција на 19 март 2019 година, името на главниот град од Астана беше сменето во Нур Султан, со одлука на Парламентот, по предлог на претседателот на земјата, Касим Џомерт Токајев.

Денот на главниот град годинава се слави со ограничени културни настани поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).


„Anadolu Agency“