Србија и Црна Гора се придружија на новите санкции против Белорусија

by Administrator

Седум европски земји се придружија на четвртиот пакет санкции, што ЕУ и ги наметна на Белорусија, објави прес-службата на Советот на Европа, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

„Земјите-кандидати (за членство во ЕУ) Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, кои влегуваат во Европската економска област, се придружија на одлуката на советот (за воведување санкции)“, се вели во соопштението.

Како што е наведено, овие земји ја усогласуваат својата национална политика со точките од пакетот санкции.

Да потсетиме, на крајот на минатиот месец Европската унија го воведе четвртиот пакет санкции против Белорусија, проширувајќи го списокот на санкции на уште 78  физички лица и осум организации.

Шефот на европската дипломатија, Жосеф Борел, не го исклучи воведувањето на петтиот пакет санкции.

Покрај тоа, Канада воведе санкции против 17 физички лица и пет компании, Велика Британија против две компании и 11 физички лица, а Министерството за финансии на САД додаде уште 16 лица и пет организации на списокот со санкции.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“

You may also like