Руските агенции Интерфакс и Риа њуз објавија дека нема преживеани, повикувајќи се на извори во спасувачките служби.
Интерфакс претходно објави, повикувајќи се на извори од местото на настанот, дека се пронајдени остатоци од авионот, на четири километри од селото Палана, кон кое бил упатен авионот.
Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека авионот Антонов Ан-26 бил на пат од градот Петропавловск-Камчатски кон Палана, село на северот од Камчатка, кога изгубил контакт со контролата на летот.
Неколку бродови се на пат кон местото каде што се урнал авионот.
Министерството соопшти дека во авионот имало 22 патници и шест члена на екипажот.
Агенцијата ТАСС ги пренесе наводите на локалните власти дека меѓу патниците била и градоначалничката на селото, Олга Мокирева.
Интерфакс ги објави наводите на локалниот метеоролошки центар дека времето во зоната каде што летал авионот било облачно во моментот кога авионот се срушил.
Меѓу 28-те лица во авионот има шест члена на екипажот и едно или две деца.
Русија долго време има лоша репутација за безбедноста во авијацијата.
Лошото техничко одржување и отсуството на строги безбедносни правила оставија траен белег во рускиот воздухопловен сектор.
Последната сериозна несреќа датира од мај 2019 година, со присилно слетување на сухој суперџет на националната компанија Аерофлот, кој се запали на пистата на московскиот аеродром, при што загинаа 41 лице.
Во февруари 2018 година, авион АН-148 се урна непосредно по полетувањето во близина на Москва, при што загинаа 71 лице. Истрагата утврдила дека несреќата била предизвикана од човечка грешка.
Авионскиот транспорт е подложен и на често тешки услови на лет во оддалечените области на Арктикот и на Далечниот Исток.
Видео с места крушения самолета Ан-26 на Камчатке. Погибли 28 человек. pic.twitter.com/UFKrn0XEJJ
— РБК (@ru_rbc) July 6, 2021
Tv „21“









