ечерва од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, екипата на Шкендија ги започнува натпреварите во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Противник на македонскиот фудбалски шампион е словенечка Мура.
– Состојбата е одлична во нашите редови, се подготвувавме добро во изминатиот период за овој предизвик. Играчите се спремни за двомечот со Мура, и противникот има свој квалитет, но мислам дека можеме да се надеваме на успешен европски старт – вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.
Иако словенечкиот шампион воопшто не е наивен тим, капитенот на Шкендија и македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи смета дека Мура не е непобедлив тим и со колективна игра можат да се пласираат во втората рунда од квалификациите.
– Ќе работиме на тоа за да дојдеме до остварување на целта, а тоа е пласман во групната фаза. Екипата на Мура ја анализиравме добро, има добар тим, мислам дека можеме да ја прескокнеме оваа пречка. А за да ја поминеме потребна е колективна игра во овој двомеч, искуството е наша страна, но нема да ни биде лесно, доколку не го дадеме максимумот. Мора да дадеме сè од себе и се надеваме дека на крајот ќе оствариме позитивен резултат и ќе ги израдуваме нашите навивачи – вели Бејтулаи.
Foto: Fk Shkendija








